Зидан: Ако играчите ми го свртат грбот, ќе заминам веднаш!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Флорентино Перез спрема голема реконструкција на тимот на Реал Мадрид следното лето, а многу од сегашните ѕвезди ќе си заминат од „Сантиаго Бернабеу“.

Карим Бензема е само еден од нив. Французинот оваа сезона игра во очајна форма, навивачите постојано го исвиркуваат, па најверојатно на крајот на сезоната ќе ја промени средината.

Француските медиуми пренесуваат дека Бензема веќе се договорил со својот нов клуб, а станува збор за Пари Сент Жермен.

Имено, „светците“ во Бензема гледаат идеална замена за Едисон Кавани. Уругваецот поради честите расправии со Нејмар го известил раководството дека сака да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Раководството на ПСЖ веќе стапило во контакт со агентите на Бензема и наводно напаѓачот дал зелено светло за трансферот.