„Живеј како да сонуваш“: Ивано Балиќ обожава да ја смее својата девојка Мирела


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Биди причината поради која некој ќе се насмее денес“, напиша 38-годишниот бивш ракометар Ивано Балиќ покрај фотографијата со две години помладата девојка Мирела Делиќ, со која има две деца.

А покрај фотката на која е сликано едно од нивните деца го додаде и хаштагот #zivikaodasanjas.

Ивано и Мирела се во врска од 2010 година, а ги имаат тригодишниот син Виго и едногодишната ќерка Нола. Пред врската со бившата одбојкарка, Балиќ беше во врска со Ивана, со која го има денес 16-годишниот син Дино.

Во 2015 година Ивано се збогува од професионалното играње ракомет.

***