Живеела пред 9.000 години: Запознајте ја намуртената Гркинка Зора (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Има истакната вилица, како што се верува, за жвакање на животинска кожа за да се претвори во мека кожа. Тоа било честа пракса на луѓето од време, а имале и намрштен израз на лицето.

Откако последен пат некој погледнал во лицето на Зора поминале 9.00 години. Но, сега таа грчка тинејџерка можеме повтовно да ја видиме. Научниците го реконстуирале нејзиното лице за да покажат како изгледале луѓето во мезолитот т.е 7.000 години пред нашата ера.

Откриена била во 1933 година во пештерата Теопатра во централна Грција.

Се верува дека Зора, на основа на коските и забите, стара е помеѓу 15 и 18 години. Има истакната вилица и намуртен израз на лицето.

На прашањето зошто изгледа налутено, професорот Манолис Папагрикоракис кој ја направил реконструкцијата се нашалил: „За неа не е возможно да не биде налутена во тоа време“, пренесува Џина.

Можно е Зора да била анемична а доказите упатуваат дека имала проблем со зглобовите и колковите. Таа имала отежнато одење а тоа придонесило за нејзината смрт, велат научниците.

Пештерата ТеопатраСе наоѓа во подрачјето Тесалија и прв пат била населена пред 100.000 години. Во неа биле пронајдени орудии од палеолит, мезолит и неолит како и керамика од неолит. Зора била изложена во музејот Акрополис во Атина.