Жена прободена со нож починала на пат кон болница


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Жена од Тетово синоќа починала на патот кон болница, откако била повредена со нож во стомакот од страна на нејзин роднина во Скопје.

Синоќа во 22 часот и 50 минути на улица „Дижонска“ во Скопје, М.Ш. (33) од Скопје, со нож ја проболел Ж.К. (41), откако претходно таа го нападнала со стап.

Ж.К. починала во возило на итната медицинска помош, а М.Ш. бил пренсен во ургентниот центар во Скопје каде што му била укажана лекарска помош по што бил приведен во полициска станица.

На местото на настанат увид извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје.