Славни

Земаат многу пари, а филмовите им се фијаско: Еве ги најпреценетите актери на годината


Списанието Forbes и оваа година, како и досега, направи попис на најпреценетите актери на годината.

При составувањето на оваа листа за 2017 година, во предвид беа земени неколку критериуми: Приход од последните три филма кои ги снимил актерот и личните хонорари кои ги зел актерот за улогите во тие филмови.

На прво место на листата со најпреценети актери се најде Марк Валберг, со годишна заработка од 68 милиони долари без данок, додека приходот од неговиот филм Patriot Day е значително помал.

На второ место е Кристијан Бејл, чиј хонорар за филмот Promise беше шест пати поголем од вкупната заработка на филмот. Самиот филм чинеше 90 милиони долари, а заработи нешто повеќе од десеттина од таа сума.

Трет по преценетост е Чејнинг Татум, кој не може да се пофали со високи хонорари како неговите претходници, но сеедно заработи далеку повеќе од неговиот филм Logan Lucky. Филмот заработи 46,7 милиони долари.

Зад нив следуваат Дензел Вашингтон и Бред Пит.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top