Зделка тешка 1,1 милијарда долари: Google склучи партнерство со HTC


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Компанијата Google склучи партнерство со HTC со кое за 1,1 милијарда долари ќе ја има на располагање работната сила на оваа тајванска компанија.

Освен делот со вработените, на Google отсега ќе му припаѓа и дел од интелектуалната сопственост на HTC во вид на користење на патентите за производство и дизајн на идните паметни телефони Pixel.

Всушност, Google не го купи HTC, туку дел од тимот на компанијата, кој заедно со тимот на Google ќе ги произведуваат идните телефони Pixel.

Познатата тајванска компанија е заслужна за некои од првите андроид-уреди на пазарот, кои му станаа конкуренти на iPhone. Сепак, по пробивањето на Samsung на пазарот на мобилни телефони, уделот на пазарот на HTC драстично опадна за 95 отсто.