Завршна конференција за поддршка за вработување на млади невработени жени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Завршна конференција за проектот Поддршка за вработување на младите, долгорочно невработените и жените ќе се одржи денеска на Скопскиот саем.

Проектот е финансиран од Европската унија со два милиони евра од ИПА фондот во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 до 2016.

Целта на проектот беше да се интегрираат младите, долгорочно невработените и жените на пазарот на труд, односно да се зголеми нивната вработливост преку подобрување на знаењето и вештините.

Се проценува дека 4.500 невработени луѓе имале придобивки од проектните активности, меѓу кои стажирање, обуки за вештини потребни на пазарот на трудот.