Заврши првиот „Macedonian trophy“, најуспершни учесниците од Бугарија и Србија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На полигонот кај прилепско Старо Лагово, викендов се одржа вториот и завршен ден на првото македонско рели со џипови насловено „Macedonian trophy“ што го организираше прилепскиот клуб „Off road“ во соработка со прилепската локална самоуправа. Околу 120 учесници од Бугарија, Србија, Холандија и од Македонија возеа на патеката на полигонот. Попладнево беа прогласени најдобрите и им беа доделени наградите и пехарите.

Панчо Чупаркоски од клубот „Off road“, истакна дека како организатори на првото македонско рели со џипови се задоволни од текот на натпреварувањата и од интересот на учесниците.

17-10-extreme-prilep0

– Поминавме два одлични натпреварувачки дена. Првпат во Македонија организираме вакви меѓународни натпреварувања со џипови и навистина сме задоволни. Настаните поминаа во добар ред, немаше некои инциденти, а имавме одличен одѕив и на учесници и на публика. Се надеваме дека ќе воспоставиме традицијата и ќе се вброиме во европските натпреварувања, рече Чупаркоски.
Стручно жири ги прогласи најдфобрите учесници. Првите три места ги освоија натпреварувачите од Бугарија и од Србија.

17-10-extreme-prilep1 17-10-extreme-prilep2

– Првото место му припадна на Љубен Динев, а второто на Кристин Заимов, и двајцата од Бугарија. Третото место го освои Братислав Илиќ од Србија. Тие се искусни возачи и заслужено беа најдобри. Се надевам в година освојувачи на медалите ќе бидат и македонските натпреварувачи, рече Чупаркоски.
Бугарските натпреварувачи Динев и Заимов, како и искусниот возач Илиќ од Србија со пофалби за организацијата на првиот македонски меѓународен натпревар со џипови. Очекуваат покана и в година.

– Одлично си поминавме. Вчера возевме во околината на градот по тешка планинска патека, денеска, пак, на патеката на полигонот. Ова е големо искуство и одличен натпревар, истакна првопласираниот Динев.

17-10-extreme-prilep3

Второпласираниот Заимов посочи дека атмосферата била прекрасна и сите добро се забавувале.

– Возам 20 години, сум бил на доста натпревари и овој беше добро организиран. Знам првпат им е на македонските колеги и во суштина се протече безбедно и многу добро. Очекуваме в година да се најдеме пак на овој натпревар, изјави Илиќ од србија кој го освои третото место.

17-10-extreme-prilep4

Натпреварувачите и учесници на првото меѓународно македонско рели со џипови возеа вкупно 30 километри од месноста „Заполшки мост“ на излезот од Прилеп, преку месноста „Шаторов камен“, па се до прилепското село Селце.