Галерии

Заводливост и сексапил: Вака се рекламираа компјутери во Југославија во ’80-тите и ’90-тите


Računari беше компјутерско списание кое излегуваше во рамки на бивша Југославија во периодот од 1984 година до крајот на 1990-те години, преживувајќи ја економската турбуленција и војните во ’80-те и ’90-те години на овие простори, а надживувајќи ја и самата Југославија.

Содржински, списанието не беше ништо спектакуларно во поглед на темата која ја третираше, но она што беше доста впечатливо беа неговите насловни страни. Тие беа сосема нова и различна димензија.

Зачинети со заводливост, провокативност и скокотливост кои ги внесуваа девојките што позираа, насловните страни беа маркантна појава во тогашниот Источен блок, преку кои со убавина се рекламираше компјутерската технологија.

 


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top