Заработи 5 милиони од фудбал, денес краде по продавници!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Љубителите на англискиот фудбал веројатно се сеќаваат на Гери О’Конор. Има 31 година, некогаш заработуваше милиони како фудбалер, а денес живее во социјален стан во Шкотска за кој плаќа кирија од 65 евра месечно.

О‘Конор кариерата ја започна во Шкотска, потоа замина во Локомотив Москва, играше и за Бирмингем во Премиер лигата и во кариерата заработи повеќе од 5 милиони евра. Потоа беше фатен позитивен на допинг тест и неговиот живот замина во друг правец.

Денес нема буквално ништо, кокаинот, скапите забави и луксузниот живот му зедоја се. Неодамна ја продаде својата куќа и живее во социјален стан за кој плаќа кирија од 65 евра.

Сега од Шкотска доаѓаат нови тажни вест за овој фудбалер. Имено, пред неколку дена фатен е како кради во една продавница.

Веднаш е изведен на суд, па ќе мора да и плати 700 фунти на продавницата од каде што ја украл јакната, и тоа на рати, бидејќи е невработен и го издржува сопругата, а има и три деца.