Запознајте го најнаселениот остров во светот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мигинго, мало островче среде езерото Викторија во Кенија, се протега на помалку од четири илјади квадрати, и е дом на повеќе од илјада луѓе. Токму тоа го прави најгусто населен остров на светот.

Иако Мигинго технички се наоѓа на територијата на Кенија, оваа земја поради него била во конфликт со Уганда, која тврдела дека рибарите ловат риби во нејзините води, само 500 метри од островот.

Познат е и како „најмал африкански ’рт“, а судирот меѓу двете земји за него кулминација достигна во 2008 година, кога Уганда на Мигинго испрати војска со цел да ги евакуира кениските рибари и да ја преземе контролата врз островот.

Тензиите беа високи и потоа, но во 2016 година конечно е склучен договор. Двете земји ќе ги оданочуваат рибарите, кои ловат во тие води и со здружени сили ќе се борат против пиратите.

Според последниот официјален попис од 2009 година, популацијата на островот изнесувала 131 жител, но според информациите од документарецот на РТ, чии новинари го посетиле Мигингио, во 2015 година таму живееле околу илјада луѓе.