Актуелно

Започна исплатата на земојделските субвенции


Исплатата на субвенциите почна. Денеска субвенции добија дел од земјоделцците, останатите според најавите ќе ги добијат парите во следните денови.

Министерството за финансии денеска исплати 7,5 милиони евра за 2015 и 2016 година. Од нив 1,5 милиони евра се за 2016 година или околу 1,7 отсто од вкупната сума од 89,7 милиони евра.Од финансии велат дека толку налози стигнале од Платежната агенцијата и како што ќе стигнуваат и останатите налози така ќе се спроведува исплатата.

Исплатени се субвенции заклучно за 2015 година, за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органско производство и рурален развој, и субвенции за 2016 година за млеко и оризова арпа.

Директорот на Платежната агенција, Игор Златков, вели дека до денеска во трезор испратил потпишани налози во износ од околу 78 милиони евра.

До денес се испратени 4 милијарди и 800 милиони, остануваат уште 400 милиони денари за носење во трезор, тоа се градинарските култури и во текот на следната недела истите ќе бидат дистрибутирани до трезор, со цел да можат на време да бидат исплатени, изјави Игор Златков, директор на АФПЗР.

Земјоделците порачуваат министерството да опстои на ветувањето и што побрзо да ги доисплати субвенциите.

Уставниот суд вчера ги укина дел одредбите во Изборниот законик со кои беше забренета исплата до формирање на нова Влада. Исплатата на субвенциите беше блокирана седум месеци.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!