Запечатено со бакнеж: Потврдено дека таа е во врска со милијардерот Елон Маск


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актерката Амбер Херд објави фотографија на својот Инстаграм профил со која потврдува дека е во врска со милијардерот Елон Маск.

Актерката чиј краток брак со холивудската ѕвезда Џони Деп беше дефинитивно завршен во јануари оваа година, објави фотографија од еден ресторан во Австралија, каде што таа е во друштво на Елон Маск, а ко-основачот на Tesla Motors истата ја сподеи на својот профил.

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

На фотката Амбер позира нежно потпрена на Маск, а на неговиот образ се гледа карминска трага од женски бакнеж.

Амбер моментално престојува во Австралија, каде го снима филмот Aquaman, а претходниот ден од фотката која ја сподели на Инстаграм папараците ги „уловија“ со Маск како се држат за раце. Парот официјално во јавност уште ја нема објавено својата врска, но претходно, овој месец, таткото од Амбер, Дејвид, изјави дека неговата ќерка и Елон се во сериозна врска.