Актуелно

Запален џипот BMW 5 од Боки 13 пред неговиот дом во Тафталиџе


Во раните утрински часови непознати сторители го запалиле семејниот автомобил на хуманитарецот и шоумен, Боки 13. Џипот од марката BMW 5 кој бил паркиран пред домот на Бојан Јовановски, во Тафталиџе, непознатото лице го полило со бензин околу два часот, а потоа и го запалило.

Силната експлозија ги разбудила и соседите, а полициски екипи излегле на увид. Јовановски го потврди настанот за ,,Фокус’’ кој ја пренесува веста за инцидентот.

Додава дека автомобилот е целосно уништен, но не отркива повеќе детали за јавноста, додека истрагата е во тек. Јавноста е згрозена од овој чин. Боки, кој е претседател на Меѓународниот Сојуз Скопје, организација која се грижи за најранливите категории на граѓани и помага на социјално загрозени случаеви и луѓе на кои им се потрбебни донации за лекување, во изминатиов период излезе во пресрет на десетици семејства и поединци.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top