Славни

Замина уште една легенда: Почина пионирот на зомби жанрот, авторот на Night Of The Living Dead


Писателот и режисер Џорџ А. Ромеро, пионир на зомби-хорор жанрот, почина после кратка борба со рак на белите дробови на 77-годишна возраст.

Неговиот хорор The Night Of The Living Dead од 1968 година стана култна филмска класика, а подоцна излегоа и продолженијата: Dawn Of The Dead (1978), Day Of The Dead (1985), Land Of The Dead (2005), Diary Of The Dead (2007) и Survival Of The Dead (2009).

Ромеро е роден во Бронкс, Њујорк, а својата кариера ја започнал како комерцијален директор, за подоцна да се пронајде во режисерските води на хорор филмови.

Неговото име засекогаш ќе остане поврзано со зомби-филмовите, иако вели дека никогаш не очекувал дека тоа ќе ја дефинира неговата кариера.

„Сè што направив беше тоа што ги извадов од егзотиката и ги направив поблиски за сите нас“, изјави Ромеро укажувајќи на успехот на своите необични филмови со застрашувачки ефекти.

„Тој го користеше жанрот за да се бори против расизмот пред 50 години. Секогаш имаше различни актери, а Дуан Џонс беше хероска ѕвезда во Night Of The Living Dead. Беше пред своето време и точно тоа што тогаш ѝ беше потребно на кинематографијата“, изјави режисерот Ели Рот.

Неговиот деловен партнер Питер Гранволд, кој за јавноста ја објави веста дека Ромеро починал, смета дека Џорџ влијаеше на цела една генерација филмски автори како Квентин Тарантино, Гиљермо дел Торо, Роберт Родригез и Вес Крејвен, во подоцнежната фаза од творештвото.

Ромеро поседуваше и мала продукциска куќа во моментот кога успеа да убеди уште деветмина други да вложат помали суми во финансирање на Night Of The Living Dead, потсетува Гранволд.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!