Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Порно актерката Сторми Даниелс изјави дека таа и Доналд Трамп имале сексуални односи само еднаш, но дека се виделе и друг пат и дека останала во контакт со него.
Таа, во неделното интервју за CBS News откри дека во 2011 година била мета на закани на еден паркинг, со цел да биде исплашена и спречена да говори за секс аферата со Трамп.
Според транскриптите од интервјуто за CBS News, Стефани Клифорд (вистинското име на Сторми Даниелс) изјави дека додека од паркингот се движела кон просториите за фитнес, заедно со својата тогаш малолетна ќерка, им се приближил непознат маж кој им се заканувал.
„Човекот ми пријде и ми рече: Остави го Трамп на мира. Заборавија таа приказна. Потоа се наведна, ја погледна мојата мала ќерка и рече: Убаво девојче. Би било штета нешто да се случи на нејзината мајка. Потоа си замина“, изјави Сторми.
Таа на 6 март го тужеше претседателот, наведувајќи дека Трамп никогаш не го потпишал договорот со неа за таа да молчи во врска со интимните односи меѓу нив. Настапот на Даниелс му предизвика проблеми на Трамп после минатонеделното интервју на CNN со бившата Плејбој зајачица Карен МекДагал, во кое таа ја опиша десетмесечната афера со Трамп која се случила во 2006 година.
Трамп беше во брак со сегашната сопруга Меланија Трамп за време на двата наводни брачни испади. Првата дама го следеше Трамп овој викенд на Флорида, каде претседателот отпатува во својот голф клуб. Трамп во неделата се врати во Белата куќа, но портпаролката на Белата куќа изјави дека Меланија останала со синот кој во периодов е на школските пролетни празници.