Актуелно

ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Овие 11 града би можеле да останат БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ


Кејп Таун моментално е во незавидна ситуација бидејќи би можел да стане првиот голем град во модерната историја кој ќе се соочи со исчезнување на питката вода.

Со оглед на тоа дека 70 насто од Земјата е прекриена со вода, поголем дел од тие води не се за пиење. Се проценува дека само 3 насто од водите на Земјата се свежи и питки.

Според извештајот на Обединетите нации, глобалната побарувачка за свежа вода до 2030 година ќе биде зголемена за 40 насто. Причината за тоа се климатските промени, но и човечкото влијание, како и порастот на бројот на население на Земјата.

Но, не е само Кејп Таун единствен град на кој му се заканува исчезнување на питката вода. На листата со загрозени има уште некои поголеми светски градови.

Сао Паоло

Веднаш зад Кејп Таун, во поглед на ваков проблем, е Сао Паоло. Бразилскиот град досега неколку пати имаше криза за питка вода, особено во 2015 година, кога главниот резервоар за водоснабдување располагаше само со 4 насто питка вода.

Кризата заврши во 2016 година, меѓутоа, во јануари 2017 година главните резерви беа 15 насто под очекуваното во тој период, а повторно беше доведена во прашање двојната потрошувачка на вода во овој град.

Бангалоре

Локалните власти во индискиот град Бангалоре, најголемиот технолошки гигант, се борат со проблемите кои ги предизвикуваат градските канали и канализацијата.

Како и Кина, и Индија се бори со загаденоста на водите, а Бангалоре во тој поглед сериозно предничи пред останатите градови. Водата од градските езера во 85 насто од случаите може да се користи само за наводнување и индустриско ладење. Ниту едно езеро нема вода која може да се користи за пиење.

Пекинг

Кина има удел со 20 насто во вкупната светска популација, меѓутоа, има само 7 насто питка вода. Најголем проблем, кога станува збор за водоснабдувањето, има Пекинг. Кинеските власти се обиделе тој проблем да го решат со создавање на големи проекти како што е пренасочувањето на водата. Исто така, за значењето на водата се обидоа да говорат и во образовните процеси, а ги зголемија и цените за индустриските и бизнис субјекти кои користат вода.

Каиро

Податоците од Светската здравствена организација укажуваат на тоа дека Египет е држава со најголем број на смртни случаи кога е во прашање труење со загадена вода. Обединетите нации проценуваат недостаток на питка вода во оваа земја до 2025 година, посебно во Каиро.

Џакарта

Како и повеќето градови во Индонезија, и Џакарта се соочува со чести подигнувања на речните нивоа. Меѓутоа, најголем проблем во Џакарта предизвика човечкото влијание, затоа што скоро 10 милиони жители во овој град имаат пристап до водоводна мрежа, па често се одлучуваат на незаконски ископувања и тоа влијае на одводот на подземните води.

Москва

Најголем процент на питка вода, во планетарни рамки, се наоѓа во Русија. Но, оваа држава се соочува со чести загадувања на воздухот кои ги предизвикува индустријата. Тоа посебно ја загрижува Москва, каде водоснабдувањето 70 насто зависи од површинските води.

Истанбул

Според извештаите од турските власти, земјата технички е во ситуација на воден стрес, со оглед на фактот дека водоснабдувањето по жител паднало под 1.700 кубни метри во 2016 година. Локалните експерти предупредуваат дека ситуацијата дополнително може да се влоши и дека тоа би резултирало со недостиг на питка вода веќе во 2030 година.

Мексико Сити

Недостатокот на вода не е ништо ново за градот кој има 21 милион жители. Моменталната ситуација во Мексико Сити е дека секој петти жител добива по пет часа дневно снабдување со вода, а само 20 насто од нив имаат питка вода само еден ден.

Лондон

Според истражувањата, овој град ќе има сериозни проблеми со водоснабдување до 2025 година, а во 2040 година му се заканува целосно исчезнување на питката вода.

Токио

Во мегаполисот со повеќе од 30 милиони жители, водоснабдувањето зависи од површинските води во 70 насто од случаите (реки, езера и топење на снегот). Најмалку 750 приватни и јавни згради во Токио имаат систем за собирање и користење на дождовница.

Мајами

Американската држава Флорида е меѓу петте американски држави кои се најпогодени од дождовите секоја година. Но, иронично, најпознатиот град Мајами го тресе криза кога станува збор за водоснабдување. И соседните градови веќе се борат со тоа. Плажата Халандеј, која е само неколку километри северно од Мајами, мораше да затвори шест од осумте бунари поради протекување на солените води.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top