Заев за државните пари: Во буџетот затекнавме само 6 милиони евра, имаме скриен долг од 1 милијарда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Состојбата која ја затекнавме во буџетот е далеку од сјајна. Во буџетот нема 130 милиони евра туку само 6 милиони евра, рече Заев вечерва во интервјуто со повеќе новинари и уредници на МРТ.

Јавниот долг го поминал плафонот од 50 насто од БДП, има многу непотребни трошоци. Има скриен долг кој е поголем од една милијарда евра. Ова се само половични информации, министерот за финансии ќе излезе и ќе каже кога ќе ја добие целата слика. Во трезорот затекнавме 300 милиони евра наменети за фасади, 50 милиони евра за патриотски здруженија кои не поминаа, рече Заев.

Според него и покрај ваквата состојба, државата ќе има доволно средства да ги оствари сите нејзини обврски кон потребите на граѓаните и да ја спроведе програмата на владата.

На прашањето за тоа дали пензиите ќе страдаат, тој кажа дека вчера тие беа навреме исплатени, и дека пензиите постепено ќе растат како што ќе расте и цената на пензионерската кошничка.