Заев: Подготвени сме за име со географска одредница


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ние сме подготвени на географска одредница за името, рече премиерот Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар.

Сепак, во име на успехот на преговарачкиот процес со Грција за спорот со името, премиерот не сакаше да коментира повеќе.

„Сакам да успее преговарачкиот процес, ние сме подготвени за географска одредница и тука ќе застанам затоа што знам дека ова е чувствително прашање. Да дадеме шанса да успее преговарачкиот процес. Јавно се позиционираме, нашите ставови се јавни и се надевам на решение“, изјави Заев.

Тој додаде дека е оптимист и дека во следните 6 месеци може да се најде решение и ќе се затвори дводеценискиот спор со Грција.

„Ги следиме настаните во Грција и реакциите дома. Јас сум отпимист. Решение мора да има. Нема да биде лесно, но може. Ако водиме грижа за јужниот сосед и тој за нас, убеден сум дека ќе најдеме заедничко решение“, рече Заев.