Заев: Со парите од Мерцедесот од Груевски ќе купиме нови амбулантни возила


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Македонија се менува“, „Нема да ја изневерам вашата доверба“,„Го имате мојот збор“, со овие зборови лидерот на СДСМ, Зоран Заев го почна говорот на централниот митинг пред Владата. Заев изјави дека ќе го вратат „мерцедесот“ на Никола Груевски и со тие пари ќе набават амбулантни возила за клиниките во Македонија.

„На 15 октомври да ги заокружиме промените во Македонија“, рече Заев. „Да ја ослободиме Македонија од остатоците на режимот! Да стигне животот во секој град, село, во секое катче. Бараме поддршка од левичари, десничари, центристи, сите“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ изјави дека во изминатите 4 месеци покажале дека се луѓе од збор. „Покажавме дека не се сите исти“, рече Заев. „Македонија ќе биде 30та членка на НАТО“, рече Заев пред присутните. „Македонија ќе биде стабилна и почитувана земја и ќе седи на иста маса со сојузниците ќе носи заеднички одлуки за Македонија, иднината на Европа и целиот Запад. Ќе владеат правото и правдата во Македонија. Правдата е спора, но ви давам збор, правда ќе има во Македонија“.

Тој во своето обраќање го критикуваше и лидерот на опозицијата, Никола Груевски. „Виде Груевски дека народот не му ја есапи новата ера, па сред кампања измисли 13 точки , без анализа без ништо, само за да се совпаднат со редниот број на изборите. Некои се плашат дека бројот е баксузен. Абре луѓе не ви е баксуз бројот, Груевски ви е баксуз. Затоа ајде да излеземе масовно следната недела и да им покажеме дека Македонија ги надмина и Груевски и неговите кандидати за градоначалници. Во Македонија нема веќе место за криминали и поделби. Македонија гласа за живот, Македонија оди напред“, порача Заев.

Тој рече дека централната власт ќе помага да има повеќе пари за општините и ги повика граѓаните да гласаат за број 19. Тој на почетокот пред обраќањето на бината направи селфи со мобилниот телефон.