Актуелно

Заев: Месецов очекуваме интензивирање на преговорите со Грција


Месецов очекуваме интензивирање на преговорите со Грција, изјави премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање во однос на спорот со името, даден по средбата со премиерот на Република Словенија, Миро Церар​.

„Ова е навистина актуелно прашање и во Македонија. Логично беше по завршувањето на локалните избори да се направи нов обид за решавање на овој суштествен или чувствителен проблем, кој го има Република Грција со нашето уставно име, а кој е истовремено пречка за нашите интегративни процеси. Процесите веќе почнуваат, на 20 или 21 ноември ја очекуваме првата средба помеѓу преговарачите од двете земји, со медијаторот Метју Нимиц.

Во ноември очекуваме тие преговори да се интензивираат. Ние во Македонија се обидуваме да изградиме национален консензус, сите, претседателот на државата, Владата, опозицијата, но во функција на наоѓање решение, а не на негово одложување“, рече Заев.

Додаде дека Македонија гради пријателски односи и со Република Грција, и лично верува во решение на спорот.

„Македонија влегува во обид којшто се надевам дека ќе биде последен, со конечна цел решавање на проблемот што Грција го има со нашето уставно име“, заклучи Заев.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top