Заев денес на сефте премиерска средба во Брисел со Могерини и Хан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во Брисел на средби во седиштата на Европската Унија и во НАТО. Ова ќе биде негова прва посета како премиер бидејќи тој пред десетина дена беше на средба со високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини.

Со неа Заев ќе се сретне и денеска, како и со комесарот за проширување Јоханес Хан. Главна тема за разговор ќе бидат реформите што треба да се направат, посебно оние што се наведени во извештајот на Прибе пред неговото доаѓање во Македонија во текот на неделата.

Иако за време на кампањата Заев говореше дека ќе направат напори Македонија да добие датум за почеток на преговорите, сега топката е спуштена и се говори за тргање на условената препорака која стои од последниот извештај на ЕК. Препораката за Македонија беше условена со одржување фер и демократски избори и со продолжување на реформите.

Внимание предизвикува и средбата што Заев заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатија Никола Димитров ќе ја има со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Ова е особено важно по информациите што се појавија дека Македонија би можела да добие покана за прием во алијансата со привремената референца и покрај одлуката од Самитот во Букурешт од 2008 година во која јасно е наведено дека тоа ќе се случи веднаш штом се најде решение за спорот за името со Грција.