За време на бременост се сликала со 20.000 пчели на стомакот (фото+видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Емили Милер од Охајо останала бремена и решила да се слика со 20.000 пчели на себе. Таа многу ги сака пчелите и сакаше својата бременост да ја овековечи со нив, па преку ноќ нејзините слики станаа хит на социјалните мрежи.

Претходните бремености од Емили завршувале со спонтан абортус, но овој пат сето било во ред, па фотографиите ги направила во поодмината бременост.

„Сакав да најдам начин за да ги искажам своите чувства и конечно можев кога ги вклучив своите пчели во оваа идеја“ рече Емили.

За да не дојде до убод за време на сликањето, матицата ја држела во својата рака.

Кратко потоа, 6 дена пред пораѓајот се случило пометнување.

„Бог го врати нашиот син на небото за таму да биде пчелар“ пишува тажната мајка.

Докторите се уште немаат информација како дошло до тоа.