За сè е крив Трамп: Рекламата која ја подели американската јавност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бадвајзер ја претстави рекламата за овогодинешниот Супербол и ја подели јавноста. Едните ја критикуваат дека е директно поткопување на политиките на Трамп, додека другите ги фалат заради искажувањето став.

„Не изгледаде како да се од тука“ се зборовите со кои му се обраќаат на момче кое што стигнува од Германија во Америка, како би го остварил својот сон за производство на пиво.

Рекламата е наречена „Born the hard way“, а во неа се прикажува како во 1850. година Адолфус Буш, еден од основачите на компанијата Анхајзер-Буш, со брод стигнува во Америка.