За прв пат Трамп во предност пред Хилари во анкетите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Републиканците сега водат со еден поен на изборните анкети, во мртва трка, според големата анкета на Еј-би-си.

Доналд Трамп ја претекна Хилари Клинтон со еден процентуален поен во анкетата на Еј-би-си, првпат од мај годинава.

Иако резултатот останува во рамките на маргината на грешка на Еј-би-си, радиодифузерот вели дека тоа што лидерите си ги замениле местата е значаен момент на само една недела пред денот на изборите.

Во анкетата на Еј-би-си двајцата кандидати во изминатата недела си дишеа во врат, со збирни резултати што укажуваа дека Клинтон има предност од само 0,4 процентни поени.

Но ентузијазмот кон демократската кандидатка спласна откако ФБИ откри дека ќе отвори нова истрага за мејловите испратени додека Клинтон била државен секретар.

Ова ги прави изборите мртва трка, според анкетата на Еј-би-си. На оваа мрежа, која ја анкетирала целата земја, Трамп не бил во водство уште од 23 мај, кога имаше предност од 2 поени во хипотетичката трка со Клинтон. Потоа Трамп ја доби номинацијата на Републиканската партија, додека Клинтон сè уште се бореше за своето место со Берни Сандерс.

Повеќето анкети покажуваат скок во поддршката за Трамп и кон крајот на јули.

Треба да се напомене дека дури и олку блиску до изборите анкетите на гласачите не се нужен показател за конечниот резултат.

Еј-би-си истакнува дека Мит Ромни беше еден поен пред Барак Обама во истите анкети во 2012 година, додека Џон Кери исто така беше еден поен пред Џорџ Буш една недела пред изборите во 2004 година.