Живот

За поубав и посвеж ден: Утрински навики кои ви препорачуваме да ги практикувате


Многумина од нас наутро брзаат да стигнат на време на работа, па не трошат ни пет минути на некои утрински навики кои ќе им го направат денот полесен и побрзо ќе ги расонат.

Мора да си ја сменете таа навика и да почнете да правите одредени практики, кои ќе ви го разубават не само денот, туку и утрото.

Масирајте си ги ушите

Масажата на ушите ќе ви помогне целосно да се расоните. Ова може да го правите веднаш штом ги отворите очите и додека уште сте во кревет. Исто така, оваа масажа ќе ви даде и дополнителна енергија.

11-1-utrinski-naviki

Пијте чаша со топла вода и лимон

Постојат многу причини зошто токму топлата вода со лимон треба да ви биде првото нешто што ќе го вкусите, наместо кафето. Како прво, ја подобрува работата на дигестивниот систем, бубрезите и цревата, а потоа ги исфрла сите отрови во телото и го зајакнува имунитетот. Не мора да правите сок од цел лимон, доволно е само 1/3. Ако одлучете ова да го правите, практикувајте да пиете топла вода со лимон 20-30 минути пред појадокот.

11-1-utrinski-naviki2

Исчистете си го јазикот

Сите си ги миеме забите два пати дневно, но тоа не значи дека сте завршиле со целата хигена на усната шуплина. Голем број на бактерии се собираат и на вашиот јазик, а токму поради тоа и може да имате лош здив, забен камен или проблеми со непцето. За да го исчистите јазикот, потребна ви е обична четка за заби, само внимавајте да не бидете многу груби, за да не ја ошетете површината на јазикот.

Сркнете лажица мед

Медот ќе ви ја овозможи потребната енергија, ќе ја стимулира меморијата и продуктивноста, ќе ви го излекува болното грло и кашлицата, а и ќе ги намали симптомите на алергија. Токму поради овие бенефици, треба да консумирате лажица мед секое утро 10-15 минути пред појадокот. Ако ви е премногу благ, размешајте го во вода, ефектот ќе биде ист.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!