За „посткоиталната дисфорија“: Да, и мажите можат да бидат депресивни после секс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По водењето љубов жените често се чувствителни, нервозни, а некои благо депресивни. Сето ова секогаш се припишувало на нејзиниот пол, но новото истражување тврди дека низ овие фази поминуваат и мажите.

До сега се претпоставувало дека од посткоитална дисфорија (PCD) страдаат само жените, а половината од нив чувствуваат тага, анксиозност, па и плачат. Но, лекарите утврдиле дека ист проблем имаат и мажите кои се чувствуваат нервозно со часови после сексот.

Авторот на извештајот проф. Роберт Швајцер од Универзитетот во Квинсленд во Австралија истакна дека според податоците на двата пола PCD не е невообичаен и за мажите.

„Постои широк спектар на одговорите на периодот кој се случува веднаш по сексуалната активност. Тој период се вика Фаза на резолуција и некои луѓе тогаш сакаат да се прегрнуваат, да бидат сами или едноставно се во некој вид на депресија” – рече проф. Швајцер.

Заклучено е дека за разлика од жените, мажите не ги покажуваат своите фази пред партнерот и повеќето глумат дека се е во ред.