За оние со премногу пари: Технолошки иновации достапни само за богати


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Има богати луѓе, но и безобразно богати луѓе кои своите претерано вишок пари ги трошат и на разни технолошки иновации кои немаат некоја сериозна развојна вредност, туку повеќе служат за чалам и фалба. Еве еден мал избор на такви производи кои можат да си ги дозволат само бесно богатите, или оние кои уживаат да живеат во огромни долгови на сметка на луксузниот живот.

30.5.samo-za-bogati1

1. Секс кукла која делува како да е жива (51.000 долари)

Исто како да се вистински, или барем така тврдат над 40.000 муштерии кои ги купиле овие безобразно скапи играчки. Постојат Classic Real Doll, Real Doll 2, Boy Toy – изборот секогаш е според фетишите на „клиентот“.

30.5.samo-za-bogati2

2. WC за Меѓународната вселенска станица (19 милиони долари)

Не можете да го нарекувате ќенеф ако сте искеширале 19 милиони (со зборови – деветнаесет милиони) долари за тоа. Иако постојат ве-це школки кои сами го дигаат капакот кога ќе им се приближите, ви го греат задникот и пуштаат музика додека се „олеснувате“, ова чудо ја филтрира отпадната содржина од вашите црева во питка вода. Нормално, за во вселената е и повеќе од нужно, ама не и за дома (иако вреди да се размислува сериозно оваа технологија да се омасовува, заради заштеда на водата на планетата Земја – ама кој ќе ти го дозволи тоа, ако пропадне бизнисот).

30.5.samo-za-bogati3

3. Clearaudio Statement грамофон (170.000 долари)

Станува збор за една од неверојатно глупавите ствари кои чинат далеку премногу пари. Влажен сон на секој аудиофил тежок 350 килограми, за кој треба да искеширате толку кеш со кој можете да решите животни прашања на барем 4 семејства кај нас – дом и автомобил за секое, и да остане нешто и за живот.

Добро, не дека не вреди квалитетот за парите, ама сепак. Инаку, овој џамбо гаџет ги елиминира сите застои и прескокнувања кои било кога сте ги почувствувале и слушнале додека сте уживале во вашата омилена музика, со помош на мотор го контролира исклучително брзиот микропроцесор, каков што има НАСА на Марс.

Иако грамофонот е толку технолошки напреден колку што воопшто може да биде, сепак, нема опција да врти гармофонски плочи, што всушност е главната причина за постоење на грамофоните и целта за која би го купиле оние кои имаат премногу пари и премалку мозок.

30.5.samo-za-bogati4

4. Volvorii „тајмлепс“ паметни чевли

За сите вистински дами – високотехнолошки чевли со високи потпетици кои ја менуваат бојата. Зошто да купувате цел ормар чевли со различни бои, кога можете еден универзален модел кој функционира како камелеон, за секаква модна комбинација.

30.5.samo-za-bogati5

5. Самостерилизирачки рачки на вратите

Оваа антибактериска квака во вашиот дом секогаш ќе биде чиста и здрава, особено ако често ви доаѓаат гости кои не ги мијат рацете после WC.

Кога е затворена рачката, UV светилката во нејзината внатрешност се вклучува и ги убива сите бактерии.

30.5.samo-za-bogati6

6. SurfLoch базен за сурфање (4 милиони долари)

По принципот направи сам – базен кој сам создава бранови за вие да можете да сурфате во вашиот огромен двор (мора да имате таков за да поседувате ваква „имовина“). Брановите се создаваат со помош на технологија, со што се прави енергетски ефикасен сурферски полигон. Демек, за да ја избегнете гужвата на морските плажи.

30.5.samo-za-bogati7

7. iCart iPod држач за WC хартија

Нема ништо понепријатно од тоа сите да можат да ве чујат додека се олеснувате во тоалетот. Сега на тоа му дојде крајот. Ова чудо може да ви прави друштво и да пушта музика  по ваш избор. Треба само да внимавате ролната да биде свртена во правилна насока.

30.5.samo-za-bogati8

8. Даска-вага за WC школка

Дизајнерот Хаикун Денг иновираше гаџет за забавно трошење на времето додека сте во тоалет – мерете се колку сте полесни додека се „олеснувате“ на ве-це школката.