За кученцето од Макрон Елисејската палата е само уште едно место за мочкање (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот претседател Емануел Макрон имаше разговори со франциските министри за инвестициите кои се водеа во Елисејската палата, каде неговото кученце Немо не пропушти да си „обележи територија“ на раскошниот камин зад нив.

А сето тоа го забележа камерата од TF1 телевизискиот канал, па снимката со голема брзина се рашири за сеир на социјалните мрежи. „Се запрашав каква е таа врева“, коментираше Бруне Порисон, која е на чело на министерството за екологија, а која Немо ја прекина во излагањето.

„Дали ова често се случува?“, праша министерот Жулиен Денорманди. „Предизвикавте крајно необично однесување на моето куче“; на шега одговори Макрон.

Во резиденцијата на француските претседатели и претходно имаше проблеми со домашните миленици, пишува The Guardian. Кучето од Никола Саркози ги гризеше рабовите од скапоцениот мебел, па после неговиот мандат на обнова на мебелот беа потрошени илјадници евра.

Макрон и неговата сопруга Брижит малиот Немо го посвоија минатото лето, а името кученцето го доби според капетанот Немо, еден од најомилените книжевни ликови на Макрон, кој потекнува од Амиенс, родниот град на Жил Верн, славниот писател кој го создаде ликот Немо.