За да го задржи својот најголем талент Јувентус мора да купува трактори!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Талентот на Јувентус, Мојс Кин веќе пошироката фудбалска јавност го запозна оваа година кога дебитираше за „старата дама“ на само 17 години.

17-годишниот напаѓач, кого го споредуваат со Балотели, во септември минатата година стана првиот фудбалер роден во после 2000 година кој дебитирал во Италија, а при крајот на сезоната успеа да се запише во листата на стрелците.

Кин важи за еден од најголемите фудбалски таленти, „бјанконерите“ веќе работат на неговиот нов договор, но проблем може да биде неговиот татко кој од раководството бара трактори.

Јувентус му нуди договор од 700.000 евра по сезона, но неговиот татко кој живее во Брегот на слоновата коска си ги бара тракторите кои му ги ветило раководството.

„Таа понуда е во ред, 700.000 евра не се малку пари, но…“, вели таткото на фудбалерот за „Тутоспорт“.

Имено, од Јувентус на таткото му ветиле дека ќе му дадат механизација од „New Holland“, фирма која е спонзор на италијанскиот шампион.

„Тие ми ветија цела опрема за мојот името во БСК. Сакам нови трактори, а агентот тоа им го пренесе. Меѓутоа, од Јувентус сеуште не се огласуваат“.

За потсетување, агент на младиот фудбалер е контроверзниот Мино Раиола!