Екстра

За адреналин на најјако: Ноќ од соништата на работ од вертикален гребен


Ако се плашите од висина, тогаш една ноќ помината во овие сместувачки капацитет може да ви зададе кошмар кој ќе ве држи до крајот на животот. Но, ако сте зависници од адреналин и обожаватели на несекојдневни авантури и возбудливи искуства, тогаш ова сигурно ќе ви се допадне.

Авантуристичкиот апартмански „комплекс“ Skylodge од компанијата Natura Vive до Перу буквално виси на работ од планинскиот вертикален гребен, на висина и до 400 метри над земјата. За храбрите и оние кои обожаваат возбуда од ваков вид, ова би било сместување од рајот, бидејќи не само што нуди адреналин, туку и атрактивен поглед од овие апартмани во светата долина Куско.

Пристигнувањето таму можеби е комплицирано, но се исплаќа

Има два начини за да се стигне до овие апартмани – едниот е алпинистички стил со движење по „ферата“ траса и скалила , или преку „зип-лајн“. Апартманите се целосно проѕирни, за да можете непречено да уживате во фантастичната панорамска глетка. Имате опција и само да ручате во овие апартмани, без да преспиете вечерта таму.

Самите „капсули“ се направени од алуминиум кој се користи во авиоиндустријата и материјали отпорни на временски услови, додека електричната енергија ја обезбедуваат соларни панели. Вкупно се поставени три „капсули“ и во секоја можат да се сместат до 8 луѓе.

Луксуз на неочекувано место

Секоја капсула содржи апартман со 4 кревети, трпезарија и приватна бања. Апартманите се долги околу 7,3 метри и 2,4 метри високи, така што на гостите нема да им биде тесно и ќе имаат доволно простор за движење.

Цените за едно ноќевање се движат околу 1.335 перуански сола (околу 400 американски долари). Зависи од тоа дали во вашиот апартман ќе стигнете со „зип-лајн“ или по ферата. Цената вклучува приватен превоз од/до вашиот хотел, водич, опрема, оброк пред качувањето, гурманска вечера со шише вино и доручек над Светата долина.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top