Култура

White Sensation Beach Festival, Преспа, 22 јули


Здраво дечки еве го соопштението од White Sensation Beach Festival, продажбата на влезници започнува на 5ти јули преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 120 ден промотивно до 20.07, а од 20.07-22.07 по цена од 200 ден.повелете и журкајте се:

Огромно задоволствo ни е да ви го најавиме третото издание на најголемото, најспектакуларното музичко шоу, кое во 2015 за прв пат му се случи на Преспа и во знакот на бело ја сплоти Македонија на едно место…
Најголемото збиднување под наслов White Sensation Beach Festival, годинава ќе се случи на 22ри јули (сабота).
Настан достапен за сите, под отворено небо, a ветува озвучување и осветлување кои ќе допринесат за перфектна забава.
Огнометите и останатите ефекти ќе бидат вистински интересен декор на вечерта, а ноќното капење ќе биде предизвик за најхрабрите.
Модерната сензација White Sensation Beach Festival ја продолжува неговата традиција и дружба. Ова година се дружиме на место каде музиката и луѓето ќе придонесат атмосфера која не се заборава. Најголемата #WhiteSensation забава во регионот проследена со 4 диџеи и уште многу изненадувања на нивните настапи.

Настапуваат:

  • DJ Joshevski (WARM UP)
    Резидент дј во Frame club Ресен кој со своите house сетови ја забавува публиката во ноќниот клуб и е еден од главните виновници за добрите забави. Исто така е и член на magnetikcrew групацијата каде што освен како дј работи и како организатор на забавите на magnetikcrew.
  • Marga Sol (https://www.facebook.com/margasol/ , http://margasol.com/ ,http://www.m-solrecords.com/ )
    Единствената македонска продуцентка и диџејка која со своите сетови се најде зад пултовите на Ибица вклучувајќи го и познатото “Cafe del Mar”, Грчките острови, Италија… потпишана музика за гигантите Sony Music, Universal Music, Kontor Music, Ministry Of Sound (ATB, Lost Frequencies, Blank & Jones, Ferry Corsten), Housession Music (заедно светски имиња како Rio de la Duna, Duke Dumont, Saison), Clubstar Music – заедно со имиња како Alex Gaudino, Dj Pippi, Stereo Mutatnts, Federico Scavo, Jemie Lewis, Kiko Navvaro, Plastic Funk… Hotfingers Recordings (Boy George, Hoxton Whores, My Digital Enemy, Lissat & Voltaxx), Toolroom (издавачката куќа на Mark Knight)… Нејзините траки се поддржани од познатото шоу на Roger Sanchez “Release Yourself”, сетовите на Kaskade,Mark Knight, Mike Vale, Alex Kenji…
    Нејзината музика е исто така често дел од плеј листите на светските Ibiza Global Radio, Ibiza Live Radio, Buddha Bar Radio, BBC Radio, Cafe del Mar Radio…
  • GALOSKI ( https://www.facebook.com/galoski/?fref=ts )
    Galoski е на врвот на играта во изминативе 2 години. Со изданија на светски реномирани куќи и поддршка од светски познати диџеи како David Guetta, Hardwell, Avicii, Dimitri Vegas & Like Mike, Nicky Romero, Afrojack, Fedde Le Grand и многу други – Со нетрпени го очекуваме неговиот настап на White Sensation Beach Festival.
  • DJ Ricardo (https://www.facebook.com/djricarrdo/)
    Христијан Ѓаковски, попознат како Ricardo, на сцената во Македонија е веќе 6 години. Неговиот потенцијал е препознат уште на 17 години во Битола, каде што настапува во култниот ноќен клуб Расчекор. За многу кратко успева да ја освои публиката во Македонија со својот уникатен начин на миксање на најпознатите хитови, во EDM и TRAP верзии. Исто така, музиката што ја врти овој диџеј е во етер на најслушалното локално радио во Македонија, Radio106 и можете да ја слушнете секој ден од 10 до 14 часот.
  • DJ NEOX ( www.neox.online | www.facebook.com/neox.online | www.mixcloud.com/igorneox )
    Неговото музичко патување започнува уште пред повеќе од 10 години, преку house и еlectro, па се до hip-hop/trap во последните неколку години. Има настапувано низ повеќето локали во Битола, како и низ други градови во Македонија (Ресен, Прилеп, Неготино, Струга,
    Охрид, Скопје, Демир Хисар, Македонски Брод, Кавадарци). Беше дел и од првото издание на White Sensation Beach Festival пред 2 години, како и DreamLive Festival и е дел од сé по-популарните TrapDaFuckUp журки кои се одржуваат неколку пати годишно низ целата држава.

Се гледаме на White Sensation Beach Festival заедно да испишиме нов лист на една нова успешна приказна 🙂


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!