Вучиќ на РТС: „Знаеме што прави Македонија, а што не им се прави на пријателите“ (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТС кажа дека се води кампањата да се претстави Србија дека кова завери со цел Македонија да гласа за влез на Косово во УНЕСКО.

Нашата служба е многу силна, знаеме се што правеле. Ние нема да дозволиме да не вовлечат во играта, сите во Светот се информирани какви игри се играат. Ние ништо не бараме од Македонија.

Како знаев дека ќе го сменат ставот за УНЕСКО? Тоа што се трудат да направат слика дека Србија е единствена црна точка на Балканот која со Русија наводно прави завери. Тие многу добро знаат што сè знаеме. Јас ја подржав одлуката на Ивица Дачиќ. Ова беше начин да им кажеме:

– Знаеме сè што правите, ве молиме немојте, зошто не ви посакуваме ништо лошо. Иако вие сте тие што ќе гласате за Косово во УНЕСКО, зошто е тоа јасна одлука на владата, иако се прават блесави на вашата телевизија дека не разбираат. Јас ви викам дека ќе гласаат за Косово во УНЕСКО, дали ќе бидат предлагачи не знам, зошто е тоа малку тешка позиција за нив, рече Вучиќ.

Дали односите ќе ни бидат на највисоко ниво, не знам, тоа е тешко. Ќе разговарам со Зоран Заев, можеме да разговараме за економијата, А, тоа да ни кажувате дека не сакате и да гласате секогаш против нас, ве молам немој да ни кажувате. Ние против вас ништо не направивме, ве признавме под уставно име спротивно на волјата на ЕУ. Луѓето нека не се грижат, ќе има мир и стабилност, овде нема љубов, туку само интереси, рече Вучиќ.