Вторнички облаци и ветар кои најавуваат временска промена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На облачното време конечно му се гледа крајот. Но, намалувањето на облачноста ќе биде позабележително во текот на втората половина од овој вторник.

Претпладне ќе биде претежно облачно и ветровито. Врнежи од оваа облачност ќе има само на планините. Ветерот ќе дува од север, а биде умерен, долж повардарието и повремено засилен. Попладне ветерот ќе стивнува, а облачноста ќе се намалува.

Утрото ќе биде свежо. Минималната ќе во дијапазонот од 0 до 5 степени. Максималната температура ќе биде слична на онаа што ја имавме овој понеделник, а ќе има вредност  помеѓу 8 и 10 степени низ котлините во северниот и западниот крај. Потопло ќе биде во југоисточниот регион, помеѓу 11 и 13 степени. На повисоките места максималната нема да надмине 5 степени.

Скопскиот крај очекува облачно и ветровито време.  Попладне облачноста ќе се намалува. Температурата ќе има минимална вредност околу 3, а максимална до 11 степени.