Вторничка временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И денес ќе имаме стабилно и суво време, но со умерени до значително облачни услови, а наутро по котлините со појава на магла, особено по должината на Повардарието. Температурата ќе се движи од осум до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, умерено до значително облачно, со слаб ветер од југоисточен правец и температура до осум степени.

И денеска дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и на планините.

Од утре попладне во западните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, но позначителна промена проследена со врнежи и северен ветер се очекува од петок преку денот.