Вторничка временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од југозападен, а во источните делови од југоисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Минималните температури ќе се движат од од 14 до 22 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и со умерен југозападен ветер исто така сончево со умерена облачност и слаб североисточен ветер. Teмпературата од 20 до 39 степени.

Дневната температура во следните два дена ќе бележи постепено опаѓање, а позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо.