Филм / ТВ

Вториот дел од Дизниевиот хит Frozen стигнува на…


Сите обожаватели на анимираниот филм Frozen, со кој многу деца, но и родители, се буквално опседанти, можат да бидат радосни бидејќи е најавено дека ќе го добијат и второто продолжение од филмскиот хит. Од Дизни конечно објавија дека продолжението ќе биде премиерно прикажано на 27 ноември, 2019 година.

Оригиналниот Frozen беше цртан филм со најголема заработка во историјата и долготраен културен феномени, а песничката која го одбележа тој период, Let It Go, нема шанси да не сте ја чуле негде.

Долгоочекуваното продолжение доаѓа шест години после првиот дел, а актерката Кристен Бел, која го глумеше ликот на Ен, вели дека целата екипа вложува многу напор и енергија за усовршување на Frozen 2.

Дејството на продолжението останува мистерија, но знаеме дека гласовите ќе ги позајми оригиналната актерска постава: Бел како Ен, Мензел како Елза, Џош Гад како Олаф и Џонатан Гроф како Кристоф.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!