Врз основа на неплатени обврски државата должи 22 милијарди денари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фондови, јавни претпријатија и општини вкупно должат 22 милијарди денари или 363 милиони евра, заклучно со 31 мај, соопшти министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Тој рече дека оваа сума не влегува во вкупниот јавен долг на државата, односно дека станува збор за преземени и неплатени обврски.

Само во областа на културата, државата должи 2,4 милијарди денари, и тоа за изградбата на новиот објект на Македонска филхармонија, за проектот за изградба на Драмскиот театар, како и за други големи проекти.

Во секторот образование државата има неплатени обврски за комуналии за студентски домови, за набавка на хигиенски средства, за постелнина… Тевдовски рече дека „Македонија пат“ има неплатени обврски кон УЈП.

Од јавните претпријатија најмногу должи „Македонски железници Транспорт“ 2,4 милиони денари, а од Јавните здравствени установи најмногу должи Институтот за трансфузиона медицина 283 милиони денари.

„Се бараат пари за да се дополнат овие дупки“, вели Тевдовски. Од општините, според податоците, најмногу должи Општина Охрид.

Тој рече дека податоците ги добиле од информации од сите општини, јавни претпријатија… Сите долгови на државата се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии на следниот линк:  www.finance.gov.mk.