Врската со „Риба“ не се заборава, но три препреки мора да минете, за да ги задржите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој знак никогаш не е свесен дека со своите постапки го оттурнува партнерот од себе.

Врската која се памети до крајот на животот дефинитивно е онаа со Риба- сензуална, романтична, полна со страст, чувства и длабока поврзаност. Рибата без проблеми ќе лежи со тебе и ќе те слуша како зборуваш за своите сништа, желби и надежи додека гледа во твоите очи.

Како што е познато, секој хороскопски знак има свои доблести и маани, па и Рибите за кои се вели дека во себе носат помалку од секој знак. Негативните работи кои можат да се појават во односот со овој знак се мрзеливост, песимизам и бегање од проблемите.

Добро е да се знае како овие три проблеми се манифестираат, за навреме да се подобри односнот со своите Риби:

1. Ги користат сништата за да избегаат од реалноста

Ако твојата Риба останува подолго на работа, не мора одма да значи дека има друга личност, туку едноставно трча по остварувањето на сништата. Но, ако е несреќна, Рибата целото свое слободно време ќе го потроши на потрага на сништата, но и потполно ќе те оттурне од себеси.

2. На идеализмот реагираат со песимизам

Среќната Риба сјае со оптимизам, но кога е тажна и депресивна, многу ја погодуваат ограничувањата на реалноста. Почнува да се чувствува како во ланец и дека не е способна да се бори со препреките кои животот ги става пред неа.

Песимизмот во Риба е моќно оружје на аутодеструкција која се манифестира со затворање во себе и одбивање да се поврзат со луѓе и многу други поволни прилики. Луѓето кои се во врска со Риба, често се борат нивниот партнер да „заплива“ во друга насока, но лошата вест е дека можеби таа сака да остане на едно место.

3. Можат да се вознемират во секундата

Рибите се емотивни и чувствителни битија, полни со емпатија која секогаш со задоволство ќе го сослуша другиот како се чувствува. Токму поради тоа можат да станат пречувствителни и презаситени од чувствата, а потоа ги влечат и другите со себе. Поради тоа знае Рибата да испровоцира некоја своја илузија на тебе која не мора да биде вистинита.

Решение? Рибите би требало да бидат особено со своите емоции и она што ги мачи најпрво, отколку од нив да произлезе низа неповрзани зборови. Никој не сака оддеднаш да се чувствува како да ја изневерил својата Риба, а да нема појма како воопшто тоа се случило.