„Вријат“ од пари: Овие се најбогатите припадници на европските кралски династии


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европа како континент има 14 актини монархии, од некои богатството го наследиле и навистина се независни, додека останатите добиваат неповратни средства и трошоците на нивните животи ги покриваат владите на државите кои ги претставуваат.

Принц Ханс-Адам Втори

Принцот на Лихтенштајн, 72-годишниот Ханс-Адам Втори месечно прима 250 илјади швајцарски франци. Своето богатство главно го темели на приватната банка ЛП Груп, а истовремено има многу инвестиции во недвижности ширум Лихтенштајн, како и шуми и винарии. „Форбс“ во 2008 година го процени богатството на владејачкото семејство на дури 3,8 милијарди фунти.

Крал Фелипе Шести и кралицата Летиција

Шпанската круна добива паушална сума пари од државата која во 2014 и 2015 година изнесуваше 6,9 милиони евра. Од тоа најголем дел отиде кај кралот Фелипе, додека нешто помалку доби неговата сопруга кралицата Летиција. Освен тоа, шпанска државна организација управува со сите осум кралски палати, пет кралски резиденции и 10 манастири кои во моментов ги користи кралското семејство.

Војводата Хенри

Луксембуршкото војводско семејство секоја година добива по 300 илјади франци уште од 1948 година за обавување на своите должности. Освен тоа, од буџетот за 2017 година издвоени се 8,9 милиони фунти за нивните трошоци.

Кралица Маргарета Втора

Данска секоја година на кралското семејство му дава 9,6 милиони фунти. Тој износ потоа се дели на сите припадници на кралското семејство, а остатокот ги покрива сите трошоци за нивните активности, како и некои приватни трошоци. Најголем дел добива кралицата Маргарета Втора. Освен тоа, половина дански кралски палати се во сопственост на државата, додека остатокот е во сопственост на кралското семејство.

Крал Филипе

Ситуацијата во Белгија е слична на онаа во Данска па така државата става милиони на сметките на тамошното кралско семејство. Во 2013 година тој износ беше 10,4 милиони фунти, од што дел е финансиран од Владата. Имотите на кои престојува и дејствува белгиското кралско семејство во најголем дел се во сопственост на државата, додека мал дел се самостојни јавни установи и со тоа финансиски независни.

Крал Карл Густав Шеснаесетти

Шведска пред две години додели околу шест милиони фунти на шведското кралство за покривање на официјалните должности на кралот и трошоците на живот. Освен тоа, управата на кралството го проценува своето богатство на 5,8 милиони фунти, а истовремено заработува од туристичките посети на палатата. Кога се ќе се собере кралот вкупно добива 11,8 милиони фунти, додека неговото приватно богатство се проценува на 54 милиони фунти.

Крал Харалд Петти и кралицата Соња

Норвешката влада доделува 23 милиони фунти на кралската куќа и дополнителни 1,1 милион фунти на кралот и кралицата за покривање на личните трошоци, а 900 илјади фунти одат кај принцот и принцезата. Кралските резиденции се во сопственост на државата и отворени за јавност, но се на располагање на кралското семејство. Кралот поседува кралска јахта иако неа ја чува и одржува Кралската норвешка морнарица.

Крал Вилем-Александер

Во 2015 година буџетот на холандскиот крал Вилем-Александер изнесуваше 35,8 милиони фунти што ги опфаќа трошоците на официјалните посети и патувањата во странство. Дел од тој износ оди и кај неговата мајка, поранешната кралица Беатрикс, која 33 години беше на престолот. Форбс во 2007 година го процени кралското богатство на 230 милиони фунти, а утврди и дека актуелниот крал личното богатство главно го вброи во недвижности.

Принц Алберт

Кнежевството Монако во 2015 година издвои дури 39 милиони фунти за трошоците на своето владејачко семејство, но на јавноста не и е познато како тој износ се дели меѓу членовите на семејството. Сепак, најверојатно како и секаде, најголем износ добива оној што се наоѓа на врвот, а во овој случај тоа е принцот Алберт.

Кралица Елизабета Втора

Англиското кралско семејство очекувано е на врвот на листата најбогати монархии. Меѓу нив несомнено победува 91-годишната кралица Елизабета Втора. Како и за повеќето од овој список, државата годишно одвојува голема сума пари за кралското семејство, а во англискиот случај минатата година стануваше збор за 42,8 милиони фунти. Освен тоа, кралицата добила 14,9 милиони фунти од наем на недвижнини и останати извори на приходи кои не се детално познати на јавноста. Според последните податоци, богатството на една од најдолговечните владетелки се проценува на 322 милиони фунти.