ВРИЕ ВО МАДРИД: Роналдо не разговара со Перез- позната е причината!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Извор близок до Жорге Мендеш, менаџерот на Кристиано Роналдо, открива дека португалскиот фудбалер не е задоволен во овој момент и дека го изгубил трпението.

Причина е новиот договор кој го посакува. Имено, Роналдо сака да биде најплатен фудбалер на светот, бидејќи е најдобар играч на светот, а претседателот Перез нема слух за неговите барања, па фрустрацијата кај Португалецот расте од ден на ден.

„Роналдо е лут поради тоа што не доби нов договор, а исто така се жалел на своите пријатели за мало почитување од страна на Флорентино Перез, бидејќи претседателот јавно флертувал со Нејмар на вечерта кога Роналдо ја освои своата петта Златна топка“, пишуваат шпанските медиуми.

Ова само ги засили шпекулациите за иднината на Португалецот, па доколку не се променат работите, Роналдо би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона.

Останува да видиме како на ова ќе реагира Флорентино Перез и дали и овој пат ќе ги задоволи барањата на својата најголема ѕвезда.