Актуелно

Врховниот суд ја поништи пресудата за Бучковски


Врховниот суд ги поништи пресудите за поранешниот премиер Владо Бучковски што беа донесени од Основниот суд Скопје 1 и од Апелациониот суд, а предметот за набавката на тенковски делови ќе биде вратен на ново судење во Кривичниот суд.

Пресудите се поништени и за поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски, неколкутемина вработени во Министерството за одбрана и директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски, пренесува порталот Судство.мк

Според обвинението сите учесници во овој случај ја злоупотребиле службената положба при набавките на резервни делови на армиските тенкови „Т55“ и го оштетиле Bуџетот за повеќе од два милиона евра.

Бучковски и Стамболиски од првостепениот суд добија пресуди од три години затвор, кои Апелациониот суд им ги намали на две години.

Врховниот суд, исто така, во јануари 2015 година го одложи издржувањето на затворската казна, откако го прифати барањето на поранешниот премиер Владо Бучковски да го одложи извршувањето на правосилната судска пресуда со којашто беше осуден на двегодишна затворска казна. Покрај ова, Врховниот суд тогаш го уважи и барањето на Бучковски за вонредно преиспитување на правосилната судска пресуда.

На овој начин на Бучковски му беше дозволено уште еднаш да ги образложи неговите тврдења дека во случајот наречен „тенковски делови” не постои зделка во која има коруција.

Бучковски на првичното судење беше осуден на атворска казна од три ипол години, но пресудата беше укината од Апелацискиот суд поради пропусти во постапката и беше побарано ново судење. На повторениот судски процес Бучковски беше осуден на три години затвор, но Апелацискиот суд му ја намали казната на две години.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top