Врховен ги отфрли приговорите на СЈО за распоредот на судии во Кривичен совет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски ќе остане во Кривичниот совет кој наскоро ќе одлучува за притворот на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан во случајот на СЈО Труст, со што е одбиено барањето на СЈО за негово изземање од овој предмет. Ова е дел од заклучокот на денешната општа седница на Врховниот суд која се одвиваше зад затворени врати.

Во соопштението на Врховниот суд е наведено дека е одбиено барањето на СЈО за изземање на претседателот на Врховен суд, како и дека одбиен приговорот на судија на Врховниот суд против одлуката за измена на распоредот на работата на судиите.

Инаку Основното јавно обвинителство на чие чело е Марко Зврлевски поднесе барање за проверка на законитоста за одредувањето на мерката притвор за бизнисменот Кочан кој е во бегство повеќе од еден месец. Од друга страна пак, СЈО на 30 март поднесе барање за изземање на претседателот на Врховен Суд Јово Вангеловски од Кривичниот совет кој ќе одлучува за ова барање поради неговата поврзаност со бомбите на опозицијата.

Врховните судии денеска одлучија да не ја ја прифатат жалбата на судијката Лидија Неделкова која беше отстранета од случајот Кочан, јавуваат дел од медиумите. Таа како дел од Кривичниот совет требаше да решава дали барањето на Обвинителството на Марко Зврлевски за укинување на притворот е основано. Неделкова претходно се изјаснила дека дека надлежност за случајот на Кочан има само СЈО, а не и Јавното обвинителство на Марко Зврлевски.

Покрај одбиеното барање на СЈО, врховните судии на денешната општа седница одлучуваа иги одбија сите 17 приговори на судии од Основен суд Скопје 1 поднесени против годишниот распоред.

Во соопштението на Врховниот суд не е наведено никакво образложение зошто и врз основа на што се одбиени барањата и приговорите.