Времето денес: Наутро свежо, попладне сончево!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Времето во Македонија претпладне ќе биде ведро и свежо, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 15, а дневната температура од 23 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 29 степени.

Следува период на претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.