Актуелно

Временска прогноза за последната ноемвриска среда


Претпладнево во Македонија ќе биде сончево, а попладне се очекува да се зголемува облачност од запад. Ќе дува и слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од четири до 10 степени.

Во главниот град со слични услови и температура до седум степени.

Влажен бран со обилни врнежи од дожд се очекува од четврток до сабота. Снег само на планините повисоки од 2000 метри, а во сабота врнежите ќе бидат проследени и со грмежи.

На повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и над 100 л/м2.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top