Актуелно

Временска прогноза за овој четврток


Променливо облачно и постудено со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег.

Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава (на моменти со брзина и над 90 км/час).

Утринските температури ќе се движат од минус 2 до 6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 3 до 17 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 12 степени.

Во петок ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието. Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на повеќе места ќе бидат околу или под нулата.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!