Актуелно

Временска прогноза за овој четврток


Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремен локален дожд, особено на југ. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 15 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 19 степени.

До петок ќе се задржи променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд, особено на југот.

В петок врнежите ќе бидат полокализирани, а в сабота се уште на повеќе места ќе има зголемена облачност, но ќе биде суво. Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и малку потопло, преку денот, но со пониски утрински температури. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната работна седмица.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top