Временска прогноза за оваа среда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во западните делови.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 13 до 23 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 12 и дневна до 19 степени.

Од четврток до сабота ќе биде стабилно со пораст на дневните температури, додека нов влажен бран се очекува од недела.