Временска прогноза за четврток


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од минус 12 до минус 3 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од минус 6 до 2 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу минус 8 степени и дневна до 0 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат во благ пораст. Претпладне по одделни котлини е можна појава на ретка магла.