Временска прогноза за четврток


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сончево и топло со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од минус 1 до 4 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 14 до 24 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 2 и дневна до 20 степени.

Во текот на ноќта и во петок ќе има слаб локален дожд, особено на југоисток. За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во овој период не се очекуваат негативни утрински температури.